Kазнети 245 возачи за пречекорување на брзината

Во текот на саботата (12.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на земјата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 245 возачи.

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 165 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 80 надвор од населено место.