Во периодот од 18.07.2022 до 24.07.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на земјата за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 427 возачи.
Од нив, 282 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 77 возеле без возачка дозвола, 24 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.