Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 231 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 19 мерки за користење мобилен телефон, девет за некористење сигурносен појас, 13 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за непрописно престигнување и обиколување, 58 за непрописно паркирање.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.