Казнето лице од Тетово поради неправилности при вршење јавен превоз со товарно возило

Денеска (03.09.2024) на наплатната станица Тетово, во правец кон Гостивар, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Тетово, а управувано од П.Д.(40) од Тетово, товарно возило „ман“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Тетово, а управувано од Џ.Љ.(56) од Тетово и товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на С.И. од Тетово, а управувано од Ј.Е.(41) од Тетово.

При контролата било утврдено дека возачот П.Д. не поседува тахографска картичка, а додека пак тахографот на возилото кое го управувал е небаждарен од 12.01.2016 година за што од Државниот инспекторат за транспорт се констатирани прекршоци по член 55 точка 1 алинеа 27 од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во истиот, по што се изречени глоби во висина од 1500 евра за одговорното лице и 5000 евра за правното лице.
Од извршената контрола, исто така, било утврдено дека возачот Џ.Љ. не поседува тахографска картичка за што од Државниот инспекторат за транспорт биле констатирани прекршоци по член 22 став 1 и 2, а казниво по член 60 од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во истиот, по што е изречена глоба во висина од 1000 евра за возачот.

Исто така, при контроласта било утврдено дека возачот Ј.Е. не поседува лиценца за транспорт, по што од Државниот инспекторат за транспорт биле констатирани прекршоци по член 4, а казниви по член 99А од Законот за превоз во патниот сообраќај и му е изречена глоба во висина од 500 евра.