Казни за 159 возачи за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 159 возачи.

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 80 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 79 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.