Казни за 164 возачи во Скопје, 45 возеле брзо

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.10.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, 11 мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.