Казни за 183 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената

Во вкупно 20 сообраќајни несреќи што изминатите два дена дена се случиле на подрачјето на Скопје, биле повредени 16 лица, информира СВР Скопје.

Полицијата санкционирала 183 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај биле исклучени 80 возачи. Од нив, 16 возачи управувале под дејство на алкохол, 49 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, петмина затоа што биле возачи-почетници и 10 возачи поради останати сообраќајни прекршоци.

Од сообраќај биле исклучени 36 возила, бидејќи едно возило било технички неисправно, а 35 биле нерегистрирани.

Сообраќајната полиција вчера издала 370 мандатни платни налози, а 78 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.