Казни за 201 возач за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (20.02.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 201 возач.

Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 92 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 109 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.