Државниот инспекторат за животна средина изрече десет казни против десет нелегални отпади на приватно земјиште во Струмица и Куманово. Станува збор за физички лица кои без дозвола собирале отпаден метал од електрична опрема, електронска опрема и автомобилски школки на сопствено земјиште.
Од инспекторатот информираат дека лицата се парично казнети и задолжени да ги расчистат локациите.
„Во Струмица е спроведена опсежна акција на осум локации од страна на државен инспектор за животна средина, инспектор по економски криминал од МВР, комунален инспектор и овластен инспектор за животна средина во општина Струмица и по утврдување на незаконско собирање, складирање и селектирање на отпад на приватно земјиште, изречени се соодветни санкции.
Во Куманово надзорот е извршен од страна на државен и овластен општински инспектор и казнети се две физички лица“, објави ДИЖС.
Од таму велат дека ваквите акции ќе продолжат во сите општини во кои на незаконски начин се постапува со отпад.