Казни за медицинските лица кои ги ставале вакцините со згрешени декларации?

За вакцините со погрешно залепени декларации, прво се објави дека ќе бидат уништени во депонијата „Дрисла“, за подоцна Обвинителството да нареди вакцините да не се уништуваат туку да останат во просториите на „Македонијалек“ до завршување на истрагата.

По аферата со вакцините МРП за кои постои сомнеж дека се со истечен рок, МВР побарало од Мнистерство за здравство документација за истрагата што ја отвори Обвинителството околу вакцините на кои имаше декларации со истечен рок, објави „Курир“.

Од Обвинителството тврдат дека до нив сè уште нема пристигнато извештај од МВР за вакцините. Но во зависност од извештајот, се очекува да се изречат казни и за лекарите на здравствените установи кои на децата им ставале од овие вакцини, пишува порталот.

За вакцините со погрешно залепени декларации, прво се објави дека ќе бидат уништени во депонијата „Дрисла“, за подоцна Обвинителството да нареди вакцините да не се уништуваат туку да останат во просториите на „Македонијалек“ до завршување на истрагата.

 

Вакцините ќе бидат попишани и обезбедени, а ќе останат во просториите на „Македонијалек“ бидејќи таму има соодветни услови за нивно чување. Проверките во предметот отворен по допрен глас продолжуваат до целосно утврдување на фактичката состојба, посочија од Обвинителството.

Одговори за тоа што всушност се случи со МРП вакцините, јавноста се’ уште нема одговор.