Шпанскиот интернационалец од редовите на Арсенал, Санти Казорла, јавно призна дека повеќе го цени актуелниот менаџер на Манчестер Сити, Мануел Пелегрини отколку предводникот на неговиот тим, Арсен Венгер.
“Многу научив од сите тренери и менаџери со кои сум соработувал во текот на мојата фудбалска кариера. Но ако треба да одберам еден тренер или менаџер, тогаш ќе кажам дека најдобар соработка имав со Мануел Пелегрини. Имавме одлична соработка и комуникација додека бевме дел од Вилјареал и додека бевме дел од Малага. Најмногу научив од Пелегрини”, изјави Казорла.