Репрезентативниот колега на Сеск Фабрегас, Санти Казорла, испрати јасна порака до фудбалерот на каталонскиот гигант Барселона, дека нема да направи грешка ако по пауза од неколку сезони повторно го облече дресот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал.
Фудбалските медиуми во Шпанија и Англија постојано ја форсираат приказната дека одличниот играч за врска ќе биде продаден за време на летниот преоден рок и тоа на првиот клуб кој ќе испарти официјална понуда за неговите услуги не помала од 45 мил. евра, а така понуда можат да си дозволат раководните лица на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челзи и ПСЖ.
„Ја прочитав таа информација дека Фабрегас ќе биде продаден на Челзи. Јас ќе бидам многу посреќен доколку Сеск ми биде соиграч во новата клуспка сезона, доколку повторно го облече дресот на Арсенал. Има многу дадено за овој клуб, Сеск го знае тоа, никогаш нема да го заборави. Се надевам дека мојот колега е среќен таму каде што е сега. Самиот се одлучи за Барселона, се надевам дека му е убаво на “Ноу Камп”, изјави Казорла.