Шпанија денеска влегува во потенцијално опасно поглавје, бидејќи Мадрид ќе почне со воспоставување на директна контрола врз Каталонија, како одговор на еднострано прогласената независност на тој регион, наведува новинската агенција „Франс Прес“, и дополнува дека е нејасно дали сменетиот каталонски лидер Карлес Пуџдемон денеска воопшто ќе се појави на своето работно место.
Каталонските лидери, кои во петокот, како што се вели во агенциската вест, драматично беа отпуштени од шпанската влада, повикаа на „демократско спротиставување“ на Мадрид, што ги зголеми стравувањата ширум Европа дека најголемата криза во Шпанија, во последниве неколку деецении, би можеа да стане уште полоша.
Неможеме да го признаеме државниот удар против Каталонија, ниту било која друга анти-демократска одлука (на шпанската влада), напишал во авторски текст викендов Ориол Џункверас, заменик председател на регионалната влада.
АФП наведува дека е нејасно дали Пуџдемон и остатокот од неговата влада, која е распуштена, ќе се обдиат денеска да дојдат на работа во своите канцеларии во Барселона.
Ќе видиме, изјавил кусо портпаролот на поништената регионалне влада во своја зијава за „Франс Прес“.
Ако се обидат да го сторат тоа, Мадрид ќе и’ нареди на полицијата на Каталонија да ги спречи. АФП потсетува дека централната влада веќе го сменила шефот на регионалната полиција, кои потоа ги повика полицајците на лојалност.
Околу 200.000 јавни службеници во Каталонија од денеска сега би требало да добиваат директни наредби од Мадрид.
Покрај тоа што ја распушти владата на Каталонија, што е одлука без преседан откако пред околу четири децении Шпанија успеа да ја врати демократијата, шпанскиот премиер Маријано Рахој го распушти и регионалниот парламент и закажа регионални избори за 21 декември, годинава.
Каталонија, која има сопствен јазик и поинаква култура, е околу 16 отсто од вкупната популација на Шпанија, и располага со една петтина од државната економија.
Каталонскиот парламент во петокот изгласа независност, по што шпанскиот Сенат и’ одобри на владата на премиерот Маријано Рахој да воспостави директна контрола на Мадрида врз Каталонија.