Ќе го продолжи ли Субашиќ „проклетството“ на голманите на „Монако“

Фудбалерите на Франција според многумина се фаворит во финалето на Светското првенство против Хрватска во недела во Москва,  а на нивна страна е уште еден факт кој може да им даде на ветерот во грб.

Имено, во последните три финалиња на Светското првенство губел тимот чиј голман во еден дел од својата кариера бранел за „Монако“.

Пред четири години во Бразил, тоа се случи со аргентинскиот голман Серхио Ромеро,  а „гаучосите“ загубија од Германија со 1:0.
На Мундијалот во Јужна Африка во 2010 година во финалето играа Шпанија и Холандија, а „Црвената фурија“ победи исто така со 1:0, а на голот на Холанжаните беше Мартен Стекеленбург.

Проклетството на голманите на „Монако“ го почна Фабиен Бартез, кој ја бранеше мрежата на клубот од Кнежевството од 1995 до 2000 година, но немаше среќа да се украси со „божицата“, бидејќи францускиот тим на Мундијалот во 2006 година во финалето беа поразени од  Италија, откако загубија на пенали 5: 3.

Хрватскиот голман  Данијел Субашиќ во моментов е член на „Монако“, па во недела ќе видиме дали ова чудно „проклетство“ ќе продолжи.