![133295140 арабија](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/12/133295140-3.jpg?resize=620%2C387&ssl=1)
Принцот Алвалид Бин Талал изјави преку социјални медиуми дека е крајно време властите во неговата држава да им дозволат на жените да управуваат автомобили.
Саудиска Арабија е единствена држава во светот во која е забрането жени да управуваат автомобили.
Спречувањето жени да возат автомобили денес е прашање на човеково право, слично на тоа кога на жените им забранува да се образуваат, напиша Алвалид на Твитер.
Тој наведува финансиски, економски, социјални, верски и политички фактори, поради кои жените би требало да управуваат автомобили.