Младиот француски фудбалер Килијан Мбапе уште еднаш го покажа својот талент на натпреварот против Аргентина, но дали ќе може да ја повтори истата игра против Уругвај ќе биде познато денеска во 16 часот.
Французите ќе настапат во најсилен состав, додека поради жолти картони нема да може да смета на играчот за врска Матуиди, па најверојатно неговото место ќе го заземе или Н’Зонзи или Толисо. Но според неколку француски медиуми Дешамп може да се одлучи за супер-офанзивен состав и од првата минута можност да му даде на ѕвездата на „Лион“, Фекир.
Кавани најверојатно нема да биде стартер во Уругвај, кој се повреди на мечот со Португлија, но Уругвај ја има убедливо најдобрата одбрана на Мундијалот.
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп е полн со пофалби за она што преентираше тимот на неговиот колега Оскар Табарез. За разлика од Аргентина, тие го немаат Меси, но впечаток е дека Дешамп ги цени уште повеќе.
Кога морам да истакнам едно нешто кај Уругвај, тогаш тоа е разновидноста. Кога треба да се бранат тоа го работат со десет играчи зад топката и секој од нив максимално се труди. Тоа е во нивната ДНК, но не само одбранбен тим, брзо истрчуваат во контранапади, директни се кон противничкиот гол, а пори тоа Суарез и Кавани одлично се надополнувааѕ на теренот, Бентанкур и дава брзина на играта… Но луѓе, ова е четвртфинале на Мундијалот, сигурно ви е јасно дека не постои лесен ривал, изјави Дешамп.
Се разбира, Мбапе е неизбежна тема.
Килијан против Аргентина беше одличен, но тој е само еден од играчите на нашиот тим. Ѕвезда го направивте вие новинарите, но тој многу може и мора да напредува, да научи да се справи со притисокот, но и да се фокусира на работата. Кога ќе успее во тоа тогаш ќе му биде уште полесно да игра. Одлична работа е што е интелигентен, слуша и прифаќа совети, но исто така свесен дека уште треба да учи. Против Уругвај го очекува можеби дури и потежок натпреварот од оној против Аргентина, видоа на што е подготвен, па Годин и друштвото сигурно имаат план како да го запрат,рече Дешамп.