![Hari Kejn](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/01/Hari-Kejn.jpg?resize=683%2C415&ssl=1)
Минхенски Баерн и англискиот напаѓач Хари Кејн постигнаа договор за трансфер ова лето, објави во средата весникот Bild, додавајќи дека Тотенхем ја одбил првичната понуда од 70 милиони евра.
Германскиот шампион е решен да ги обезбеди услугите на 29-годишниот капитен на Англија, чиј договор со Тотенхем истекува во 2024 година.
Кејн, кој оваа сезона постигна 30 гола во Премиер лигата, се согласи да премине во баварскиот клуб ова лето. Сепак, раководството на лондонскиот клуб ја одбило првичната понуда од 70 милиони евра, пишува Bild. Тотенхем сака да добие 100 милиони евра за својата ѕвезда.
Баварскиот клуб кој следната сезона ќе се натпреварува во Лигата на шампионите за разлика од Тотенхем подготвува нова понуда, продолжува Билд.
Реал Мадрид и ПСЖ беа заинтересирани за Кејн, кој забележа 84 настапи за англиската репрезентација, пренесуваат германските медиуми.