Предвидено е да се изградат модерни фитнес-зони, со различни справи и реквизити за спортување и вежбање на сите граѓани, а особено на најмладите.
Фитнес-зоните ќе се поставуваат во парковите и други јавни површини во вкупно 20 општини во земјава, за што од страна на Агенцијата за млади и спорт се обезбедени околу 40 милиони денари. Изградбата се очекува да започне наесен.
Ова е еден од новите проекти на Агенцијата за млади и спорт и претставува продолжение на капиталните проекти за подобрување на спортската инфраструктура во целата држава.
Покрај спортските сали, повеќенаменските и тениските терени, во следниот период Агенцијата за млади и спорт предвидува нови проекти за изградба на фитнес-зони, 150 игралишта за “street basket”, отворени и затворени пливачки базени како и нови скејт паркови за љубителите на адреналинските спортови.