Владата одлучи да гради нова зграда за потребите Државниот архив.
„Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата за надминување на проблемот со канцелариски простор и депото на Државниот Архив, и по широките консултации и анализи на теренот, донесе предлог – решенија за решавање на овој прашање кои предвидуваат изградба на нов објект за Државниот архив. Владата го задолжи Државниот архив, до конечната реализација на ова решение, да спроведе постапка за санација за спречување на протекување на атмосферска вода во постоечкиот објект на кеј Димитар Влахов“, соопштија вчера од Владата.
Материјалите во Државиот архив не се оштетени, а изградбата на нова зграда за оваа институција е најдоброто можно решение, тврди министерката без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска.
Одлуката е донесена, но колку ќе чини засега не се знае.
– За тоа колку тоа ќе чини изградбата, веќе го задолживме Државниот архив да ги обезбеди тие информации и во соработка со Министерството за финансии да се изнајде начин за финансирање на истото со изготвување на финансиски и акциски план – рече Апостолска.
Исто така, од Архивот треба да се изјаснат и за локацијата.
Министерката тврди и дека при поплавите не се уништени документи од 13 век и историски важни датуми како што објавувале медиумите. Владата, посочи таа, веднаш формирала комисија која направила увид. Од Илиненска бр.2 тврдат и дека моментално документите се сигурно и не постои опасност за уништување. Дел се чуваат во депото на старата зграда на Архивот, а другите во метални кутии во новиот објект во згадата каде е и Археолошкот музеј.
Старата зграда на Архивот е пременета за потребите на јавното обвинителство.