Комисијата за избор на судиите при ПССЕ, претходно ги разгледа кандидатурите на сите тројца кандидати доставени од Република Македонија. На состанокот минатата недела на 29 и 30 септември 2016 година во Париз имаше разговори со сите канидати, по што со тесно мнозинство од гласови предност и даде на Наташа Габер-Дамјановска, пред Јован Илиевски.
Третиот кандидат Звонимир Јанкуловски, не влегува според документот во завршната фаза на гласањето.
Гласањето за судиите е тајно и првиот круг започнува во вторник изутрината, евентуалниот втор круг е предвиден за во среда.
Во Комисијата која ги разгледуваше канидидатурите немаше пратеници од Македонија.
Пред Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе се обратат Франсоа Оланд, претседател на Француската Република, Франк-Волтер Штајнмаер сојузниот министер за надворешни работи на Германија, Мевлут Чавушоглу министерот за надворешни работи на Турција и Јурген Лиги министерот за надворешни работи на Естонија, кој ќе ги презентира активностите на Комитетот на министри со кој во моментов претседава Естонија.
Доаѓањето на Франсоа Оланд во Стразбур се очекува со внимание, со оглед на заострените односи на Запад со Русија во однос на изнаоѓањето на решение за војната во Сирија, откако Париз и Москва се спротиставија во Советот за безбедност на ООН со своите резолуции и престојната, сега неизвезна средба меѓу Владимир Путин и Франсоа Оланд во Париз идната недела. Говорот на францускиот претседател пред ПССЕ во кое се претставени националните парламенти на 47 земји членки на Советот на Европа, исто така, е значајно во однос на актуелната европска криза и „деконструкцијата“ на Европската Унија.
Во дебатата од тековните настани е состојбата во Турција во контекст на обидот за државен удар, при што се очекува и настапат на турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавошоглу, инаку поранешен претседател на ПССЕ. На есенската сесија, исто така, се очекува расправа за политичките последици од конфликтот во Украина и за правни лекови против кршењето на човековите права извршени во украинската територија сега надвор од контролата на украинските власти.
Томас Бах, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), ќе се обрати на Собранието во контекст на дебатата за спорт за сите. Пратениците, исто така, ќе ги разгледаат и извештаите за правата на детето во врска со сурогат бременоста, поуките од случајот “Панама пејперс” со цел да се обезбеди социјална и фискална правда, како и за соработката со Меѓународниот кривичен суд (МКС).
Торбјорн Јагланд, генерален секретар на Советот на Европа, ќе треба да одговори на прашања од пратениците.
Денеска, ПССЕ ќе ја додели наградата за човекови права Вацлав Хавел 2016 година, меѓу трите кандидати се: Гордана Игриќ, српски новинар која активно ги брани човековите права и слободата на печатот, Меѓународниот институт за човекови права – Рене Касан Фондацијата, која од 1969 година работи за промоција на човековите права и мир, преку едукација и истражување и Надја Мурад, една млада жена, која успеа да побегне од злосторствата на Исламската држава од северен Ирак, и што го привлекува вниманието на меѓународната заедница за судбината на заедница јазиди.
На маргините на сесијата, како дел од иницијативата против тероризмот: #NiHaineNiPeur неколку комисии на ПССЕ ќе организираат дебата во која ќе учествуваат вклучуваат Антоан Лерис и Лучиана Милани – чија сопруга и ќерка загинаа во нападот на Батаклан во Париз – и Дејвид Андерсон, независен експерт за анти-терористички закони. Оваа иницијатива, која започна во јуни 2016, има за цел да ги мобилизира сите чинители во општеството за да се борат против појавата на омраза и страв од терористички закани.
Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), оваа сесија ќе гласа и за избор на судија во ЕСЧП од Македонија. Комисијата за избор на судиите при ПССЕ, откако претходно ги разгледа кандидатурите на сите тројца кандидати доставени од Република Македонија, на состанокот минатата недела (29 и 30 септември 2016 година) во Париз имаше разговори со сите канидати, по што со тесно мнозинство од гласови предност и даде на Наташа Габер-Дамјановска, пред Јован Илиевски.
Третиот кандидат Звонимир Јанкуловски, не влегува според документот во завршната фаза на гласањето.
Гласањето за судиите е тајно и првиот круг започнува во вторник изутрината, евентуалниот втор круг е предвиден за во среда.
Во Комисијата која ги разгледуваше канидидатурите немаше пратеници од Македонија.