На конференцијата најавени се обраќања на министерот за правда Валдет Џафери, амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар, главната ревизорка на Република Македонија Тања Таневска и претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Игор Тантуровски.
Експерти од Полска и од Македонија ќе претстават различни аспекти во спречувањето можни коруптивни дејства во финансирањето на партиите и изборните кампањи.