Ќе се проширува булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир

Град Скопје денеска започнува со проширување и рекнструкција на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Чаир.

Почетокот на градежните работи на булеварот, пред зградата на Општината, предвидено е да ги означи градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.