Ќе се реконструира болницата „Св.Еразмо“ во Охрид (ВИДЕО)

Ќе се реконструира болницата „Св.Еразмо“ во Охрид
Ќе се реконструира болницата „Св.Еразмо“ во Охрид

Подобри услови и унапредени стандарди ќе бидат овозможени со реконструкцијата на болницата специјализирана за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, која денес ја најави министерот за здравство Никола Тодоров.

Комплетната реконструкција на болницата ќе започне по завршување на тендерската постапка која е во тек, во средината на октомври. Се очекува реконструкцијата да биде комплетно завршена во рок од 18 месеци, до април 2017 година.

Ќе се  реконструира постојната зграда на специјалната болница, а ќе се овозможи и преселување на Заводот за кардиоваскуларни болести во овој комплекс. Проектот опфаќа доградба на централната стара болничка зграда и карабината која е започната и не е завршена во ’90 години.

sverazmo2

Тодоров истакна дека предвидено е да се реновираат и реорганизираат амбулантите, лабораториите, стерилизацијата и другите дијагностички содржини. Комплетно реновирање е планирано на операционите сали со интезивна нега, како и болничките оддели со тоалети во секоја соба.

Целта е со оваа реконструкција да овозможиме сериозно унапредување на стандардите и условите за работа, како и зголемување на капацитетите за дијагноза и третман на пациентите, истакна Тодоров.

 Со реконструкцијата, таму ќе бидат изведени кардиологија со амбуланти, дијагностика и дневна болница, интервентна кардиологија со интензивна и полуинтензивна нега која ќе содржи оперативен блок со операциона сала за пејсмејкери, антиогравска сала, како и простории за персоналот.
Со реконструкцијата, таму ќе бидат изведени кардиологија со амбуланти, дијагностика и дневна болница, интервентна кардиологија со интензивна и полуинтензивна нега која ќе содржи оперативен блок со операциона сала за пејсмејкери, антиогравска сала, како и простории за персоналот.

Министерот за здравство посочи дека во карабината на зградата ќе бидат сместени содржините кои се потребни на Заводот за кардиоваскуларни заболувања. Со реконструкцијата, таму ќе бидат изведени кардиологија со амбуланти, дијагностика и дневна болница, интервентна кардиологија со интензивна и полуинтензивна нега која ќе содржи оперативен блок со операциона сала за пејсмејкери, антиогравска сала, како и простории за персоналот.

Во тек е постапка за испорака на комплетно нов компјутерски томограф и дигитален рентген за потребите на болницата.

Комплетната реконструкција ќе опфати површина од вкупно 5.623 метри квадратни и ќе чини 215 милиони денари.