Општина Охрид презема почетен план за решавање на долгорочниот проблем со кучињата бездомници, на доброволна основа, во соработка со Здружението на граѓани „Анималија“.
Во исто време ќе се продолжи со проектот за стерилизација, нега и згрижување и ќе се бара трајно решение за определување на локација за стационар.
-Во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион ќе аплицираме со проекти за набавка на опрема и обука на кадри од комуналното претпријатие за справување со овој проблем.Важно ни е да потенцираме дека проблемот не е краткорочен и може да трае во целиот мандат, па затоа мора со заеднички сили, сите граѓани на општина Охрид, а во наредниот период, заедно со општините Дебрца, Струга и Ресен заеднички ќе го решаваме проблемот, рече на денешната прес конференција, градоначалникот Јован Стојаноски.