Со одлуката се врќаат македонски топонимии на селата во општина Пустец: Zaroshkë – Зрноско, Lajthizë – Леска, Djellas – Шулин, Gollomboc – Глобочени, Kallamas – Туминец, Goricë е Madhe – Горна Горица, Goricë е Vogël – Долна Горица.
Албанскиот парламент на 18 март едногласно го донесе Законот за враќање на автентичното име на Пустец, со што се даде право Советот на општината да донесе одлука за населените места.
– Сега сите села во општина Пустец ќе се викаат со старите македонски имиња, како што всушност со векови до ден денес ние и ги именуваме. Со ова неправдата нанесена од комунистичкиот систем во 1973 година е исправена, што за нас Македонците е од историско значење, изјави за првиот македонски информативен портал во Албанија градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.