Кецкоски: Се покажа дека структурите на СОРОС функционираат и во САД

Се покажа дека структурите на СОРОС функционираат и во САД, заклучи безбедносниот аналитичар Златко Кецкоски.

„Она што се случува во моментов е несекојдневно за американската политика. Демонстрациите што се случуваат по победата на САД многумина ги нарекуваат обид за внатрешно-американска револуција, што е нон сенс за нивни услови. Посочувајќи го СОРОС како финансисер во кампањата на демократите што се докажа и со Викиликс, но и како организатор на демонстрациите, излезе на површина структурата што Трамп ја потенцираше во изминативе две години во речиси секој говор. Се покажа дека и во Америка функционираат тие структури како и во афричките држави, Украина, Србија и Македонија, поточно, секаде каде што има можност да влијае“, истакна Кецкоски.

Златко Кецкоски заедно со Цветин Чилиманов гостуваше во Отворено студио на ТВ Нова, на тема, „Ќе го здрма ли Трамп светот“?