Доктор Сашко Кедев се искачи на врвот Г2 (Gasherbrum II), во Пакистан, кој е висок 8.035 метри, објави Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.
„За првпат во историјата македонско знаме на G2 (Gasherbrum II), Пакистан, 8.035 м. На 22 јули 2024 година, во 13:28 часот по локално време, проф. д-р Сашко Кедев го искачи тринаесеттиот по височина врв на светот“, соопшти Федерацијата.
Таа му честита на Кедев за искачувањето на 11. од вкупно 14 врвови над 8.000 метри висина.