Кеико Фуџимори повторно е во затвор

Лидерката на перуанската опозиција Кеико Фуџимори, која денеска е вратена во затвор на издржување нова казна од 15 месеци поради корупција и перење пари, објави видео во кое тврди дека против неа се спроведува прогон, вети политичка борба и истакна дека ќе стави крај на молкот во случајот за кој е обвинета.

Судот и одреди затвор, додека обвинителството продолжува со истрагата за случајот против неа.

Фуџимори веќе помина 13 месеци во затвор, но Уставниот суд на Перу во ноември нареди нејзино ослободување, а обвинителството поднесе жалба на одлуката.

Фуџимори, која е ќерка на поранешниот претседател Алберто Фуџимори кој исто така е во затвор, не е официјално обвинета.

Во видеото објавено на Фејсбук, Фуџимори вели дека „на политичкиот прогон ќе одговори на политички начин“.

– Ова не е правда. Како жена, сопруга, мајка, ќе ја покажам целата сила што ја имам, изјави Фуџимори.

Таа додаде дека нејзиниот сопруг ќе побара поддршка од странски влади и организации за нејзино ослободување.

Обвинителството ја сомничи дека земала пари од бразилската компанија Одербрехт за финансирање на претседателската кампања, а прикажувала дека парите доаѓаат од други извори.

Одербрехт призна дека поткупувал голем број политичари низ Јужна Америка, а тројца поранешни претседатели на Перу се осудени на затвор поради врски со компанијата.