Кејлор го брани својот колега

Иако Кејлор Навас синоќа го имаше своето деби во дресот на Реал Мадрид, сепак веднаш по натпреварот побрза да ги “искара” навивачите на “кралскиот клуб” поради свирежите упатени кон неговиот колега, Икер Касиљас.

„Среќен сум поради мојот настап и победата, но на Икер никој не смее да му свирка. Фудбалер со толку успешна кариера во Реал не смее да биде исвиркуван, а тие што сега му свиркаат не се вистински навивачи“, изјави Костариканецот.

Тренерот Карло Анчелоти пак појасни дека е задоволен од формата на двајцата голмани што ги има на располагање, па не знае кој од нив ќе го брани голот на Реал, на саботниот дуел со Виљареал.