Кејт и Вилијам блескаат на крштевката на принцот Луис

Кралската палата во Кенсингтон објави четтири службени фотографии од крштевањето на малиот принц Луис, најмладиот од трите деца на принцот Вилијам и војвотката Кетрин.

Кејт и Вилијам го крштеваа принцот Луиза во малата капела во рамките на палатата „Сент Џејмс“ во Лондон минатиот понеделник, а обредот му го доверија на архиепископот на Кентербери, Џастин Велбиј.

Принцот Луис носеше долго фустанче од прљаво бела боја, од свила и од чипка, рачно изработена реплика од облеката за крштевање од 1841 година, а која во текот на годините ја носеле 62 бебиња, вклучувајќи го и принцот Вилијам, принцот Хари и принцот Чарлс. Во 2008 година кралицата ја прекина оваа традиција и нареди да се сошие реплика, за да може оригиналот да се зачува.

Кралското семејство на социјалните мрежи објави дури четири портрети, три со членови од поширокото и потесно семејство и една од која принцезата Кејт е со принцот Луис.

На семејните портрети недостасува кралицата Елизабета II. и нејзиниот сопруг принцот Филип, кој не беше во можност да присуствува на крштевањето на својот пранук.