Кејт избришана од кралското семејство!?

Последните настани дополнително ги разгореа страстите кај оние што пишуваат дека во Кралското семејство нештата ниту од далеку не се толку идилични и дека најпознатото семејство не е задоволно од однесувањето на принцезата Кејт.

Претходно многумина ја критикуваа Кејт дека е мрзлива и дека не работи доволно, а сега нејзиното име не се најде на списокот на членови на кралското семејство на официјалниот сајт на Монархијата.

По скапиот редизајн на веб тсраната во април, името на Кејт не се најде на страната поради „технички проблеми“!?

Тоа автоматски значи дека нејзините обожаватели немале можност да присуствуваат на јавните настани каде се појавуваше таа, ниту да ги видат нејзините планирани обврски.

По големиот број коментари од страна на нејзините обожаватели на социјалните мрежи ситуацијата дури сега се поправи. Од Бакингамската палата признаа дека им биле потребни реиси три месеци на веб страната да го вратат името на војвотката од Кембриџ.