Кенија: Шест загинати при напад на два автобуси

Најмалку шест луѓе загинаа денеска откако вооружен напаѓач пукаше врз два автобуса во кенискиот округ Мандера, на границата со Сомалија.

Полицијата соопшти дека во нападот се погодени автобуси што се движеле од градот Мандера кон Најроби.

– Засега имаме информации за шест загинати, изјави Фредрик Шисија, полициски шеф на областа Мандера.

kenija