Кенискaтa атлетичаркa Чепчирчир суспендиранa на осум години поради допинг

Кениската атлетичарка, 39-годишната Сара Чепчирчир, победничка на маратонот во Токио во 2017 година, е суспендирана на осум години откако по вторпат била позитивна на тестостерон, објави во средата Атлетската единица за интегритет (AIU).

Кенијката била тестирана по маратонот Чонбури, во Тајланд, во ноември минатата година, кога беше втора со време од 2:35:43. Во текот на тестирањето, нејзиниот примерок од урина открил траги од тестостерон од егзогено потекло.

Сара Чепчирчир веќе бепе суспендирана на период од четири години, од 6 февруари 2019 до 5 февруари 2023 година, поради аномалии забележани во нејзиниот биолошки пасош, потсетува AIU.

Новата суспензија на Кенијката стапува на сила од 22 декември 2023 година и затоа ќе заврши на 21 декември 2031 година. Нејзиниот резултат на маратонот Чонбури е поништен.