Керамидница денеска без вода

Поради дефект во шахта на улица 515 бр.87 во населба Керамидница, без водоснабдување ќе останат корисниците од истоимената улица.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека корисниците ќе немаат вода од 10:45 часот па се до санирање на дефектот.