„Ги повикувам украинските власти да го чујат гласот на народото кој сака да живее во слобода, просперитет и можности“, рекол Кери по средбата на шефовите на дипломатии на земјите членки на НАТО во Брисел.
Американскиот државен секретар рекол дека Украинците се изјасниле во „неверојатен број“ за тој договор за поблиски врски со Европа.
Според него, украинскиот претседател Виктор Јанукович „очигледно донел лична одлука, а луѓето не се согласуваат со тоа“.