Соединетите Аамерикански Држави сметаат дека цела низа земји во Европа се наоѓаат на „линија на огнот“, кога станува збор за односите на Вашингтон и Москва, изјави американскиот државен секретар Џон Кери, јави „Танјуг“, пренесува Нетпрес.
– Кога станува збор за Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и други – Грузија, Молдавија, Придњестровјето, тие се на линијата на огнот, изјавил Кери.
Ваквата изјава Џон Кери ја дал како одговор на прашање на сенатори за растечкото влијание на Русија во Европа.