Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека САД ќе го поддржи новиот украинси претседател и народот на таа земја, пренесоа медиумите.
Соопштението на Кери уследи откако украинската Изборна комисија соопшти победа на Петро Порошенко во првиот круг од претседателските избори, освојувајќи повеќе од половината од гласовите.
„Ќе ги поддржиме нивните напори да ја одредат сопствената иднина во обединета, безбедна, независна и просперитетна Украина“, наведе Кери во соопштението.
Тој му честиташе на народот и на Владата на Украина на „историските избори“ на 25 мај, чиј успех потврди дека земјата е определена за демократски процес.
„Украинците се обединија за да ја изразат слободно својата политичка воља и заедно да ја изберат својата иднина. Високиот одзив испраќа јасна порака: украинскиот народ сака да живее во обединета, демократска и мирна Украина“, оценил Кери.
„САД ќе продолжи да работи со народот на Украина и новоизбраниот претседател на зацврснување на победата на демократијат“.
Шефот на американската дипломатија повтори дека Вашингтон го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, ја осудува „руската окупација и обидот за анексија на Крим. И останува посветен на мирно решавање на судирите.
Тој исто така, ја пофалил храброста и одлучноста на луѓето во Доњецк и Луганск кои обезбедиле гласањето да биде одржано во некои изборни единици.