Американскиот државен секретар Џон Кери кој беше опериран откако скрши коска на десната нога, почна да се придвижува со патерици, соопшти портпаролката на Стејт департментот Мари Харф.
– Државниот секретар вчера беше информиран за извештаите за ситуацијата во Јемен, Сирија, Ирак, Украина и Куба како и за климатските промени, изјави таа.
Лекарите од болницата наведуваат дека фрактурата е целосно опоравена и нема да му попречи на Кери во извршувањата на обврските, наскоро се очекува негово пуштање од болницата. Кери се повреди возејќи велосипед во францускот департмент От Савоа.