-Освен туризмот ништо друго не ме интересира, напиша на својот профил Аркан Керим, откако денеска советникот Луке Галески побара од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да одговори дали тој е мотивот за нејзините постапки во врска со проектот за Прочистителна станица во Скопје.
-Навистина ми е смешно да ме претставуваат како експерт за водовод и канализација кога освен туризмот ништо друго не ме интересира, напиша на својот профил Аркан Керим.
Денеска советникот од ВМРО-ДПМНЕ Луке Галески побара од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска да одговори дали го познава и дали тој е мотивот за нејзините постапки во врска со проектот за Прочистителна станица во Скопје, но таа не даде одговор на неговото прашање.
– Можеби мотивот зошто тоа го направивте лежи во овој лик тука. Овој човек се вика Аркан Керим и јавно ја прашувам градоначалничката дали го познава ова лице и дали ова лице има поврзаност со турската компанија со која што медиумите, не знам од каде дознале, дека е учесник на тендерот вреден 160 милиони евра – ја праша Галески Арсовска.
Керим на својот фејсбук профил објави дека се тоа шпекулации, дека немал комуникација со актуелното градско раководство, нема никаква поврзаност со турската компанија-учесник на тендерот за изградба на пречистителна станица во Скопје и дека го интересира само туризам и угостителство, како и дека со актуелното градско раководство нема комуникација.
Но, заедничка фотографија на Твитер, со Драги Митковски, ги демантира неговите оправдувања. Или, попознат како Драги Книга, за кого важи дека е „градоначалник на Скопје во сенка“ и дека е ментор на Данела Арсовска. Односно дека ги „влече конците“ за сите матни зделки и тендери кои носат многу пари.
Инаку, Керим е претседател на Комората на туристички агенции, хотели, превозници на патници и ресторани при Сојуз на стопански комори на Македонија и претседател на совет во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во РСМ.