![Sonja-Karadzic-Jovicevic Ќерката на Караџиќ избрана за потпретседател на Парламентот на РС](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/12/Sonja-Karadzic-Jovicevic.jpg?resize=650%2C325&ssl=1)
Ќерката на поранешниот претседател на Република Српска Радован Караџиќ, Соња Караџиќ-Јовичевиќ е избрана за потпретседател на Парламентот на РС.
Караџиќ-Јовичевиќ (48) е избрана вчера како кандидат на најсилната опозициска Српска демократска партија (СДС). За неа гласаа 77 пратенци, а петмина беа воздржани.
Жељка Стојичиќ од СНСД е избрана за потпретседател од редовите на Хрватите, а Ненад Стевандиќ, кој е предложен од Слободниот демократски српски клуб е четвртиот потпретседател.
Претходно на позицијата потпретседал од редовите на Бошњаците е избран Сенад Братиќ.