Германска полиција во мало место крај Дрезден го пронајде телото на исчезната девојка, откако таа беше грабната и за неа беше баран откуп од 1,2 милиони евра.
Анели Мари Р., ќерка на познат богат бизнисмен, била киднапирана минатата седмица. Иако прво бараа откупнина, нејзиното тело било пронајдено мртво и покрај преговорите.
Киднаперите ја нападнале во моментот кога го шетала своето куче на улица. Полицијата вчера ги прекинала преговорите со напаѓачите бидејќи се случила страшна и непредвидена трагедија, иако родителите молеле за нејзино безбедно враќање дома и ветиле дека ќе ја платата сумата, пишува Mirror.co.uk.
Телото на Анели било пронајдено во напуштен двор во селото Клипхаусен, во близина на нејзиниот дом. Двајца мажи биле уапсени за ова злосторство, еден во Дрезден, а друг во Баварија.