Ќерката на познатиот српски музичар пронајдена мртва

Маја Авдибеговиќ, ќерка на познатиот музичар Милиќ Вукашиновиќ, синоќа е пронајдена мртва во сараевската населба Језеро.

Како што пренесуваат локалните медиуми, Маја во станот на пронашла пријателка која веднаш повикала Брза помош, но на девојката и немало спас.

Според преелиминарните резултати од истрагата и по надворешниот преглед на телото, утврдено е дека причината за смртта најверојатно е предозирање со наркотици или лекови.

На први јуни годинава Маја се обиде да се самоубие на начин што со жилет си ги пресече вените во тоалет, но по брза реакција беше спасена и хоспитализирана.