
Што мислите чии ќерки се овие убавици? По повод почетокот на продажба на новата колекција која со здружени сили ја лансираа познатите брендови „Balmain“ и „H&M“ низ целиот свет имаше голем број промоции.
Најмногу ѕвезди се собраа во Лос Анџелес, а најголемо внимание привлекоа двете млади убавици, кои важат за модели што допрва се искачуваат на ѕвезденото небо.
Каја Гербер и Дилан Пен блескаа во модели од реномираниот моден бренд и покажаа дека се вистински наследнички на убавината, шармот и талентот на нивните познати мајки Синди Крафорд и Робин Рајт.
Четиринаесетгодишната Каја е вистински одраз на нејзината мајка со која заедно дојде на промоцијата, додека десет години постарата Дилан, ќерката на Шон Пен и Робин Рајт на модниот перформанс пристигна заедно со пријателка.