Кевин Дурант ја спаси Оклахома

Оклахома сити забележа нова победа во НБА лигата овој пат совладувајќи ја Атланта на Перо Антиќ со 111:109 и повторно благодарение на феноменалниот Кевин Дурант кој постигна 41 поен, вклучувајќи го и кошот за победа на 1,5 секунда пред крајот.

Оклахома губеше со 14 поени разлика во второто полувреме, но предводена од Дурант успеа со пресврт да дојде до осмата едноподруго победа. Дурант од игра шутираше 15-25, а покрај 41 поен имаше и четири скока и пет асистенции.

Минесота ја прекина низата од седум порази,откако го совлада Чикаго со 95:86. Кевин Лав со 31 поен и осум скока беше најефикасен во победничкиот тим.

Резултати: Филаделфија – Феникс 113:124, Бруклин – Торонто 103:104, Чикаго – Минесота 86:95, Милвоки – ЛА Клиперс 86:114, Оклахома – Атланта 111:109, Јута – Сакраменто 106:99