Кевин Спејси вели дека го „столчиле“ обвинувањата за сексуално злоставување

Актерот Кевин Спејси изјави во својот исказ даден во четвртокот пред судот во Лондон дека бил потиштен и скршен откако е обвинет за сексуални злоставувања.

Спејси им кажал на поротниците во судот во лондонски Саутворк дека не можел да поверива дека која и да е од личностите кои го обвинуваат за вкупно 12 напади му „зарила нож в грбот“.

На 63-годишниот оскаровец му се суди по 12 точки од обвинението за сексуални злоставувања против четворица мажи во периодот меѓу 2001 и 2013 годин, кога тие биле на 20 и 30-годишна возраст.

Спејси се изјасни невин по сите наводи од обвинението. Четворицата подносители на пријавата против актерот наведоа дека тој агресивно ги допирал, додека еден од мажите навел дека бил принуден на орален секс. Обвинителството во поднесокот Спејси го нарече „сексуален насилник“.

Адвокатот на актерот, Патрик Гибс, на поротата ѝ се обратил во четвртокот со тврдењето дека обвинителите се обиделе договорените средби да ги прикажат „со злокобен спин“ или, во неко случаи, едноставно ја „измислиле“ приказната.

Спејси, кој според медиумските извештаи носел сив костум, бела кошула и светлосина вратоврска, застанал на местото за сведоци во четвртокот и бил распрашуван за еден од поносителите на тужбатаа, кој тврди дека актерот во повеќенаврати го допирал на „интимни места“ кога биле сами.

Адвокатот Гибс го прашал за неговиот однос со тој маж, на што Спејси одговорил „Многу ми се допаѓаше. Ни беше убаво заедно. Многу се смеевме“.

Актерот го опишал тој подносител на пријавата како „духовит, шармантен и кокетен“. Спејси тврдел дека нивниот однос со текот на времето „стана донекаде сексуален“. Притоа негирал дека постоел агресивен однос или чин без согласност.

„Не се случи на насилен, агресивен, болен начин. Беше нежно и трогателно, и беше, според мое мислење, романтично. Никогаш немавме секс бидејќи јасно даде до знаење дека не сака да оди подалеку, а тоа понекогаш се случува и едноставно почитувате колку далеку некој сака да оди“, рекол Спејси.