КФМ Проект пред клучниот натпревар во футсал Лигата на шампиони

Македонскиот првак во футсал КМФ Проект утревечер против малтешки Луксол го игра решавачкиот натпревар за пласман во главната фаза во својот дебитантски настап во Лигата на шампиони.

Двете екипи влегуваат во завршниот натпревар (20 часот) од квалификацискиот мини турнир во Гевгелија со ефект од две победи и гол-разлика од плус 13, но поради повеќе постигнати голови на македонскиот шампион му е доволен и нерешен резултат за да го постигне најголемиот клупски успех.

Во првите две кола, КМФ Проект беше убедлив против израелски Ашход (5:0) и Цефн Друидс од Велс (8:1).

Пласман во главната фаза во Лигата на шампиони ќе обезбедат победниците во осумте квалификациски групи и една најдобро второпласирана екипа.