![133412396 кибер](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/133412396-5.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Кибер криминалот во Австрија е се позастапен и се наоѓа во постојан пораст покажува извештајот на Сојузната криминалистичка служба (БК) за 2015 година.
Минатата година се поднесени вкупно 10.010 пријави во врска со кибер криминалот, што е раст од 11 отсто во однос на 2014 година.
Во 2013 година имало помалку пријави и тоа за една десетина помалку од 2014 година.
Причината за растот минатата година БК го гледа меѓу останатото во се „подобрата техничка опременост на криминалците и корисниците на техниките за криење податоци“.