Жител на Кичево заработи кривична пријава откако неуспешно минатиот месец се обидел да ограби шнајдерски дуќан, информираше во петокот СВР Охрид по добиеното изестување од Полициската станица Кичево.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, полициската станица од Кичево ја поднесе кривична пријава против 41-годишниот О.Џ. од Кичево.
Пријавениот, казненото дело го сторил на 18 јуни во 3,50 часот по полноќ во шнајдерска работилница во Кичево. Тој, со намера да одземе туѓи подвижни предмети и противправно да ги присвои, со подесен предмет насилно ја отворил влезната врата од шнајдерската работилница лоцирана на улицата „29 Ноември” во Кичево.
Веднаш почнал да пребарува низ работилницата, но бил бил забележан од граѓани и по кратко време и приведен од полициските службеници.