Кичевци криеле екстази и марихуана во гаража

Полицијата уапсила двајца кичевци кои продавале дрога на локални зависници, информираше МВР.

Станува збор за Б.Д.(26) и С.М.(31) против кои Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци прекурсори.

Според полицијата, Б.Д.  набавил 1,2 килограми марихуана и 55 таблети екстази и на почетокот на септември ги сокрил во гаражата на С.М.. Полицијата добила сознанија дека двајцата препродаваат дрога, па завчера извршила претрес и ја пронашла марихуаната и екстазито.