
Видеоматеријали од тајното следење на Зоран Милевски Кичеец во понеделникот беа презентирани од страна на обвинителството во случајот „Рекет“, а меѓу снимките се најдоа и неколку средби на Кичеец во познати локали низ Скопје.
Извори на порталот Република откриваат дека на една од нив Кичеец седел во скопски локал со В.З., „брат на македонски политичар кој до неодамна беше на висока позиција“, како и адвокатот В.А., кој важи за доста близок до семејството.
Останува отворено прашањето што тие двајца барале заедно со Кичеец и каква е поврзаноста со случајот „Рекет“.
Дополнително, сомнежи за оваа снимка отвора и однесувањето на обвинителката Вилма Рускоска, која само ја пушти, но не даде и никаков опис за оваа снимка, за разлика од останатите презентирани.